Богоев се прости од својот татко: Еден ден, ќе бидеме заедно пак ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал…

од Берта Китинска
301 прегледи

Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев.Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот, напиша на својо Фејсбук статус, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

-Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне.Новинар, еден од основачите на “Дневник”.Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ !
Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото.Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал…А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица,напиша Богоев.

Слични содржини