Богоев: Создаваме нови бели дробови на Карпош и на Скопје

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Со спортско – адреналинскиот парк и целосното разубавување на делот од алпинистичката карпа до бунарите на реката Лепенец, создаваме нови бели дробови за Карпош и за Градот Скопје, посочи градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на Меѓународната конференција за млади: „DIVE 3: Zero to one > 1 to N“ во организација на Младински сојуз – Крушево (Youth Alliance).

Пред претставници на голем број младински организации од Грција, Романија, Италија, Коста Рика, Словенија, Полска и Јужна Африка, Богоев говореше за клучните активности и политики кои Карпош ги презема на полето на заштита на животната средина.

„Запуштените јавни површини прераснуваат во уредени, зелени зони. Затоа создадовме нови маалски паркови во Тафталиџе 2, Криви Дол, Карпош 4. На местото на големиот парк, со децении се палеа огнови на отворено и се одлагаше отпад. Оваа грда слика ја менуваме! Со субвенциите за велосипеди се обидуваме да ги стимулираме граѓаните да користат алтернативни превозни средства, имајќи предвид дека автомобилите се меѓу главните извори на загадување. Исто така, од 2020 година предвидуваме субвенционирање на електрични тротинети“, рече Богоев.

Загадувањето ќе се намали и со подигнувањето на економскиот стандард. Затоа што сега имаме голем број на домаќинства кои се греат на нееколошки начин и придонесуваат кон целосното загадување. За решавање на овој проблем, во тек е мерката за субвенционирање на инвертер клима уреди, посочи градоначалникот.

Слични содржини