„Нема едноставен и еден одговор зошто има црна пропаганда против граѓанското општество, преголема тема е, и третирањето на темава допрва ќе стане потребно. Зошто се најголема мета невладините организации? Дали се насочени против конкретна невладина или станува збор за меѓународно организирање, кои се чекори што може да преземеме за да искочиме рамноправни на бојното поле”, посочи Павле Богоевски од Прогрес институт, на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество”.
„Денес, за расчистување на клучни прашања помеѓу големите сили, се се разрешува преку влијание на јавното мислење во државата, има организирани структури кои сакаат да наметнат политичка агенда.
Што ги прави невладините организации да се омилена мета?
Тие се влакното во автократскиот сендвич, нивната положба, дејствувањето како рафиниран глас на групата која ја претставуаваат, и вадењето на тој глас од маргините, ги прави мета. Причината не е само дека на автократските лидери не им се допаѓаат овие организации, туку и судир на либералните демократи и западната демократија. Спротивниот систем не функционира. Начинот на кој либералните демократи сакаат да покажат дека западно демократските движења се неефикасни и дека слободата е недостижна и да прифатат автократски лидер наместо да се прифати западна демократија.
Западната демократија во својата срж го прифаќа компромисот, конфликтот. Либералната демократија вели, „јас знам како, ќе ме слушаш мене…”
Моментално се наоѓаме во конзервативниот дел од движење на општествените процеси. Без разлика дали општествата ги гледаме на ниво на регион, држава или цел свет, имаат цикличен процес на прогресивци и конзервативци. Кога во општеството работите ќе станат толку стагнантни да му треба промена на општеството доаѓаат прогресивците, но прогресивците со промените кои ги прават можат да предизвикаат несигурност кај населението дека промените се случуваат многу брзо и затоа доаѓаат конзервативицте на сцена кои се обидуваат да ги стабилизираат или вратат работите кајшто биле. Овие циклични движења се пореметуваат, конзервативците не можат да ја сфатат цикличноста на тие промени, затоа удираат по легитимноста на демократските процеси – правото на поединицте да управуваат со општеството, да не се блокираат демократските процеси. Блокирање е основна алатка на конзервативците. Подривање на се што прави прогресивната јавност.
Во Македонија треба трендот да се гледа по Втората Светска војна кога се направиле голем број прогресивни промени и како резултат на тоа се зголемил бројот на конзервативни или десничарски партии”, додаде меѓу другото Богоевски.