Богоевски: Левица го кажува јавно тоа што ВМРО-ДПМНЕ го продава со декади

од Destan Jonuzi
198 прегледи

Според поранешниот пратеник Павле Богоевски постојат фактори од внатре, но и однадвор кои работат против стратешките интереси на државата. Во гостувањето во „Само вистина“ тој кажа дека посстојат структури однадвор кои не сакаат Македонија да биде дел од Европската унија и НАТО, но проблем е што од внатре постојат такви кои работат против Македонија да стане земја членка на Унијата. Одговарајќи на прашање, Богоевски кажа дека се согласува со премиерот Димитар Ковачевски, во однос на изјавата дека Левица и Апасиев се најголема закана за европскиот пат, а Христијан Мицкоски е нивен заложник.

-Во својата програма Левица имаат наведено дека не сакаат Македонија да биде во ЕУ и затоа да, тие се политички пиромани за нашите стратешки интереси. Проблемот настанува со ВМРО-ДПМНЕ, која е опозициска партија многу поголема од Левица, но и одговорноста е поголема. Оваа партија кокетира со националистички сентименти и практики кои одалечуваат од Европа. Се до пред појавувањето на Левица меѓународната заедница успеваше да ги заузда во ВМРО-ДПМНЕ, особено за стратешките одлуки. Тие не отстапуваа јавно од патот на евроинтеграциите, но после Левица имаме структура која гласно го кажува она што ВМРО-ДПМНЕ со декади го продава, дека не ни треба ЕУ и НАТО, туку поблиска соработка со Русија. Целото тоа гласачко тело, гаено со декади од ВМРО, сега ја поддржува Левица, рече Богоевски.

Слични содржини