387
По објавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил се огласи и екс пратеникот и предводник на Шарената револуција, Павле Богоевски.
Нека му каже некој на фирерчето од Велес дека матерјалниот имунитет го штити пратеникот само за зборовите искажани од собраниската говорница.
Ширењето на расистички и ксенофобичен матерјал (преку компјутерски систем), поттикнувањето на насилство и охрабрувањето на непочитување на мерките за спречување на пандемијата кога се прави надвор од Собранието (преку фб и твитер) ја задржува целата своја кривично правна димензија.
И овој говор како таков, треба да предизвика реакција од органите на прогонот.
Е сега, профата со 10,00 или не го знае ова; или го знае и сака да испровоцира реакција на правосудните органи па да глуми жртва; или пак до толку му имаат удрено лајковите во глава што искрено верува дека е над сите закони во државата.
Вие одлучете што е полошо.