Богојески буџетот од семејната новогодишна прослава го донираше за семејствата во социјален ризик

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Целиот буџет наменет за новогодишните празници, семејството на Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт го пренамени во донација за социјално погодени семејства.

Донацијата во прехранбени продукти беше доставена до Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ од Скопје кои на својот официјален Фејсбук профил споделија објава од акцијата “Седмични оброци за бездомници” која ја спроведуваат секоја сабота пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

“Ова е гест кој е за секоја пофалба и пример кој треба да се следи и во други прилики”, стои во објавата на здружението Љубезност.

Слични содржини