Богојески: Бугарите наместо пријателство избраа “војна” со Македонците

од Берта Китинска
468 прегледи

После многу години напорна работа за создавање на трајно пријателство помеѓу нашите два народи и две држави, за жал Бугарите наместо пријателство избраа “војна” со Македонците!, пишува во својот Фејсбук статус , Петар Богојески – од „Македонски концепт“  по повод 3ти март „Ден на Ослободувањето на Бугарија“.

-Потребно е конечно решение за македонско – бугарското недоразбирање, кое стои во деидеологизација и објективизација на македонската и деромантизација на бугарската историја! “Српскиот рецепт” на двоецот Георгиевски – Бучковски, тајно поткрепен од Владата на Заев, не е решение туку ставање на проблемот под тепих… пат со кој ќе се уништи македонската државност! ЕУ не повикува на корени, туку на заедничка иднина!!!
Почитувани пријатели од Бугарија, честит празник со една пријателска сугестија – намалете со божидаризам, засилете со јаворовизам! Така ќе останеме засекогаш пријатели!, пишува Богојески.

Слични содржини