Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески преку соопштение прашува зошто имавме предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?

„Чуму беа предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?!? Каде се тешките зборови на СДСМ за ДУИ, а особено оние на ДУИ за СДСМ? Каде се предизборните ветувања? Нели СДСМ тврдеше, дека ДУИ се криминалци и треба да одговараат? Дали сега ги амнестираа или се договорија да одговараат, самите пред себе? Завршија изборите и заборавивме на се“, вели Богојески и продолжува:
Власта глуми дека тоа го поддржува, потенцира тој, опозицијата јавно е против, зашто е слепа и неспособна да разбере дека тоа, токму на неа и одговара.
„Време е да потрошиме внимание и енергија, да ставиме крај на оваа политичка криза! Време е за реорганизација на опозицијата! Време е за укинување на контролираната демократија и воспоставување на вистинска власт на народот“, стои во соопштението на „Македонски концепт“.