Богојески: Доколку на следните избори гласате за Македонски концепт, Левица ќе биде забранетa по сила на Закон!

од Nikola Popovski
320 прегледи

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески смета дека согласно новиот Закон за заштита на државноста во Македонија, „ќе се третираат терористи по основ – болшевичко лудило!“.

„Доколку на следните избори изгласате за Македонски концепт, бандитското болшевичко здружение – Левица ќе биде забрането по сила на Закон! Нивниот лидер – Клисарот од сликата, ќе биде згрижен во соодветна институција, во која ќе направиме се што можеме за него, да го излекуваме од психичкото заболување – болшевичко лудило!Доколку не дава резултати, ќе биде трајно хоспитализиран!“, објави Богојески и дополнува:

„Гласајте за Македонски концепт, ако сакате силна, модерна, европска, граѓанска, напредна и просперитетна македонска Република, без бубашваби кои служат на туѓи држави и на домашна мафија!“.

Слични содржини