Богојески: ДУИ промовира нарушување на уставниот поредок на Републиката што е кривично делo тероризам

од Milan1
87 прегледи

ДУИ промовира нарушување на уставниот поредок на Републиката што е кривично делo тероризам, злосторничко здружување и сите фморми на кривична одговорност со вакво поведение, изјави претседателот на Македонски концепт Петар Богојески во Само Вистина.

– Македонската држава по нивните изјави треба да преземе мерки за заштита на уставниот поредок, а и самата најава е кривично дело. Потрагично е што со украдени пари на Македонците плаќаат Амерички пратеник кој што треба да ни продаде магла што дополнително ќе го влоши имиџот на САД кој падна на 3% поддршка кај етничките Македонци, што нам прозападните политичари многу ни ја отежнува позицијата бидејќи ние промовираме пријателство со САД и ЕУ. Македонија да воведе систем за заштита од вакви дејствија но и Американските институции да го дисциплинираат тој „платеник“ и да се побара потекло на тие пари со кои ДУИ го плаќа, истакна Богојески.

Според него од „ДУИ најмногу треба да размислува како да не завршат во затвор наредните месеци“.

Слични содржини