Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески смета дека францускиот предлог не носи кон „грцизација“ на процесот.
-Досега имавме шанси со Бугарија билатерално да го решиме проблемот. Потрошивме толку години, а не успеавме. Ова е вовед во фаза 2, а тоа е бугарскиот проблем да стане европски, како што грчкиот стана НАТО-проблем. Тоа ќе донесе во катастрофални преговори во наредните 10 години по ова прашање. Францускиот предлог е малку и наивно срочен. Наивно е постапено од македонска страна. Ние мораме со предлогот во целост да ја задоволиме Бугарија. Знам колку се влажни тие соништа бугарски. Мораме да им кажеме на граѓаните дека условот на Бугарија за влез на Македонија во ЕУ е да прифатиме бугарска вистина. Затоа сме за „не“ на предлогот. Ние предлагаме да се оди во фаза 3, директни меѓународни преговори со меѓународни посредници на билатерално ниво на Македонија и Бугарија и во тие разговори да го затвориме идентитетското прашање. Ако донесеме неколку експерти за историја и неколку експерти за меѓународно право и тоа го забрзаме како разговори, мислам дека за месец дена ќе ги затвориме прашањата, но под еден услов – Бугарија да престане да го сонува Санстефанскиот сон, рече Богојески во емисијата „Само вистина“.