Богојески: Македонци низ светот, Бугари само во Бугарија (ФОТО)

од Vladimir Zorba
190 прегледи

„Македонци низ светот, Бугари само во Бугарија. Битен историски извор за истражување е изјаснувањето на раселените Македонци од Егеј, после Прва светска војна низ светот (Америка, Австралија, Европа) како Македонци, а само оние кои се населиле во Бугарија, а тоа е најголемиот дел, денес се Бугари. Имено, после ПСВ потпишан е Нејски мировен договор — договор (27 ноември 1919 година во Неј на Сена во близина на Париз) познат во Бугарија како Втора национална катастрофа… со кој се предвидува раселување на Македонците од Грција. Преку 1.500.000 луѓе се раселуваат, од кои 80% се населуваат во Бугарија“, споделува промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески.

„Тие Македонци во Бугарија (плус доселениците од Вардар и оние во Пирин – се заедно преку 2.500.000 луѓе), денес се најголемиот проблем за Македонија, бидејќи се емотивно врзани за македонското. Тие се елита во Бугарија, многу влијателни во политиката, но со огромна лична дилема – дали се тие јаничари (од Македонци се бугаризирале и станале Бугари, а знаат дека се Македонци и така меѓусебно се нарекуваат, а староседелците Бугари погрдно ги нарекуваат “маке”) или ние сме јаничари (од Бугари сме се македонизирале и сме станале Македонци)?!? Каде е вистината?!?

Факт е дека тие Македонци од Бугарија и ние Македонците од Македонија и низ целиот свет (преку 5.000.000 луѓе) сме ист народ, но кој е јаничарот?

Јас три години пишувам за ова и објаснувам дека има компромис, има решение, никој од нас да не биде јаничар, туку да биде прифатено како историски процес на создавање на личен идентитет на поединци, кои некогаш потекнувале од ист род и иста земја, а денес се раздвоиле во две различни семејства, како во секоја фамилија низ светот, но кој да слушне и кој да прочита. Три години кажувам дека договорот со Бугарија не е решение и дека ќе имаме проблем, напротив јас со ваквите ставови за вас бев еднаш Бугарин, еднаш Србин… па Грк… гледам по ново и удбаш станав, а никако да се потрудите и да прифатите што ви кажувам, за наше македонско добро. Суетата и љубомората не ви даваат да признаете дека бев во право.

Ако сакаме да се докажуваме за јаничарањето, што не го препорачувам, ќе мора да се повикаме на луѓето кои се раселиле низ светот. Тие иселеници, кога пристигнале во САД, на пописните листи, во карантинот на пристаништето во Њу Јорк, се изјаснувале како Македонци.

Ако сме биле Бугари во Егеј, зошто не се изјасниле како Бугари на тие листи?

Ова се прашуваат и Македонците во Бугарија, но таму божидаризмот со живковизмот ги убедија дека биле Македонци како територијален идентитет, а етнички сме биле Бугари, за што најголем доказ е припадноста кон Егзархијата, без да се назначи дека тоа е религиозен идентитет во Отоманска империја, а не етнички. И тоа е само еден краток период, помалку од 50 години. Јас не познавам ниту еден човек во светот, кој бил Бугарин дома, а кога се населил во САД, сам се асимилирал, патувајќи во бродот се премислил и во Америка се изјаснал како Македонец. Тое е исто како ние во Македонија, сме биле Бугари до 1945 година, сме легнале да спиеме и следното утро сме се разбудиле како Македонци?

Тотално лудило!!!

Ете тука е главниот и клучен проблем помеѓу нас, денешните братучеди, кои имаме заеднички дедовци, а денес сме Македонци и Бугари, а сите потекнуваме од Македонија. Проблемот е што биле нашите дедовци?!? Зошто само тие кои заминале во Бугарија, после долги години се изјасниле како Бугари, а сите други насекаде низ светот се изјасниле како Македонци?

Оваа лична фрустрација на нашите братучеди е причината за бугарското ВЕТО! Не е Борисов или Радев или Екатеринчето. Само да помислат да ја прифатат нашата “вистина”, ќе изгубат избори и власт за 1 минута! И обратно, кој во Македонија ќе ја прифати нивната “вистина”, ќе изгуби избори и власт за 1 секунда. Каде е решението? Ние го знаеме!“, вели тој.

Слични содржини