Богојески: Не треба да има отстапување со Бугарија за решавање на проблемот со Гоце Делчев

од Берта Китинска
373 прегледи

Во врска со изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски, дека Гоце Делчев може да го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците кои го чествуваме, кои го почитуваме, да ни прави уште поголемо задоволство, поголем мерак, Петар Богојески од Македонски концепт во 24 анализа вели дека ставот за Гоце Делчев треба да биде јасен.

-Ставот за Гоце Делчев треба да биде јасен. Пред се мора да бидат познати и јасни термините бидејќи во тоа време зборот Македонец и Бугарин имало различно толкување отколку сега кога ќе се спомене.Гоце Делчев не е толку габаритна личност за ВМРО, но е значаен за македнскиот автономизам.Овие ставови и изјави на преседателот ми делуваат како подготовка на Македонскиот народ на некаков принцип на кванташки пазар на затварање на прашањето со Бугарија односно отстапување на некои личности во вој случај Гоце Делчев, вели Богојески.

Слични содржини