Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески смета дека Кирил Петков станал премиер на Бугарија само за една единствена причина – за да го крене ветото за Македонија.
-Тој стои на власт во Бугарија, се прелеваат пратеници од една партија во друга и тоа е подготвувано долго време. Проблемот е тоа што во меѓународните односи ништо не е бесплатно. Македонија треба да плати цена за тоа. Има едно сценарио кое владата го крие. Ние ќе добиеме датум за датум на датумот за преговори, односно бугарскиот парламент ќе изгласа Декларација која ништо нема да каже, ќе има вето, но ќе нема вето. Ветото ќе биде тргнато за Македонија да навлезе во промена на Уставот и откако ќе го променеме, ќе ја имаме Првата меѓувладина конференција. Ние вербално ќе имаме тргнато бугарско вето, но откако ќе ги внесеме Бугарите во Уставот, вели Богојески во емисијата „Само вистина“.