Богојески: Пизмата се направи откако Бугарите не нарекоа „експериментални глувци“ на Тито

од Берта Китинска
186 прегледи

Јас предлагам начини како да се смири ситуацијата со Бугрија, Јас во овој момент им се извинува за сите политички убиства и неправди кон Бугарите еве како еден Македонец, сметам дека и Пендарвоски може истото да го направи за да ја смири пизмата за почеток, вели  Петар Богојески, промотор на „Македонски концепт“ гостувајќи во Студио 10.

-Пизмата се направи кога високи бугарски функционери кои како слон во стакларница ни го срушија она што ние го градевме со нив години наназад  и не  нарекоа експериментални глувци на Тито не се согласувам со Заев дека треба да се цензурира во слободата на говорот, сметам дека Бугарите го предизвикаа тоа цунами, вели Богојески.

Тој смета дека влегуваме во грчкото сценарио и можност уште 30 години да бидеме во чекалната.

-Кај нас има силен антагонизам кон Бугарија и бугарите врз ба за на старата југословенска доктрина. Железната завеса ја поставија СССР и Бугарија кон Југославија. и потоа истите тие ја спуштија.Најистакнат пример на кој се гради тој е мит е случајот Ваташа,вели Богојески.

Тој вели дека не може да разбере зошто Бугарите не моат да изразат жалење заради настаните од Втората светска војна, како што тоа го прават германците денес.

Слични содржини