426
Првиот круг од локалните избори е клучен за опозицијата, ако во тој круг таа успеа да се наметне силно и да направи бран на победа тогаш опозицијата има шанса доволно добро да се факторизира на овие избори и тоа би било најава за нова Влада, вели Петар Богојески од „Македонски концепт“.
-Од друга страна секогаш во вториот круг победува власа затоа што знае каде погрешила и да ги истури сите ресурси од владејачка позиција на терен и работата да ја преврти во својата корист.Затоа многу важно е опозицијата да настапи со едно бројче за да може да ја порази власта, вели Богојески.