Богојески: Вистината е дека денес не постои оригиналниот бугарски јазик!

од Vladimir Zorba
688 прегледи

„Не ми е јасно што е проблемот помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик?!? Точно е дека и двата се јужнословенски, точно е дека имаме заеднички корен – старословенски црковен јазик, но што е филмов со тоа Вашата приказна – „сите преродбеници и револуционери пишувале на бугарски јазик”?!? Да Ве прашам Вас учените од Бугарија, нормални сте?!?“, пишува Петар Богојески од Македонски концепт на својот Фејсбук профил.

Македонските преродбеници и револуционери се школувале и користеле десетици јазици – бугарски, турски, грчки, српски, руски, хрватски, француски, германски…

Тоа што не постоела македонска држава и официјализиран македонски јазик во нивно време, тие за тоа се бореле, да ги создадат! Сите тие не значи дека не го знаеле македонскиот јазик, на против сите нагласуваат дека го користат народниот говор од Македонија!

Штом си даскал во бугарско школо, на кој јазик да пишуваш и да предаваш, на турски?!?

Тоа е исто како Србите да кажат, во периодот кога бевте под наша власт и кога учевте и пишувавте српски, е доказ дека македонскиот е српски јазик?!? Во право ли се Србиве, учени Бугари?!?

Какви се тие природни и вештачки јазици?!? Да не расте бугарскиот јазик природно на врба?!? А македонскиот го направивме од пластика во фабрика?!?

Нашиот си е јазик на нашиот народен говор од Македонија, Вашиот си е на Вашиот народен говор од Бугарија!

Дополнително, Св. Наум на Вас ви создаде Преславска книжевна школа, на нас Св. Климент ни создаде Охридска книжевна школа! И тоа по задача од Ромеја, а не од Борис Први! Уште од тогаш Ромеите правеле разлика помеѓу нас! Затоа сме имале и две различни Цркви – Охридска наша и Трновска Ваша!

Да сме на чисто! Секој со своето!

Вистината е дека денес не постои оригиналниот бугарски јазик! Бугарите во седмиот век си имале држава и свој бугарски јазик со свое писмо! Ние македонистите културолошки сме Ве надвладеале, со помош на Константинопол, сме Ви наметнале старословенски јазик, на тој јазик сме Ве христијанизирале, а Вашиот бугарски јазик сме Ви го уништиле некаде кон 11-от век преку Охридската Архиепископија! Ако нешто Ви значи, еве јавно Ви се извинувам за овој културолошки геноцид, кој моето племе го извршил врз Вашето племе! Извинете бескрајно! “, додава Богојески.

Слични содржини