300
Откако вчера беше објавено, дека пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е осудено лице во Германија, за што тој негираше, но не се огласи и по објавата на документите кои го докажуваат тоа, на својот фејсбук профил, свое видување и обраќање даде лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.
„Со џепароши на чело на опозицијата, власта не ја туркаме!
Ситен крадец ситна душа!
А јас мислев само на крупно трза дечково!
И не само што краде, туку и лаже!!!
Само вистината е како шило… врти, врти, ќе се појави!
Како можел да помине кандидатура во ДИК со потврда дека е осудуван?!?
Како можела партијата да го поткрепи за кандидат, осудуван за џепарошлук и фалсификување?!?
Како не се срами да соли памет по ТВ и да зборува за морал?!?
Дали овие кривични дела биле клучни за да го мобилизираат во Штази – руската служба во Германија, со цел да не биде осуден на казна затвор, туку да помине со парична казна?!?
Колку побрзо се исчистат вошките, толку полесно ќе падне Заев!!!
Време е за перење на опозицијата со шампон за вошки!
Сега јасно ли е зошто пред избори баравме финансиска лустрација и потекло на имот на секој кандидат за пратеник, пред да седне во фотеља?!?
А вие за кои гласавте?!?
За ваквите џепароши?!?
Срам! Срам! Срам!“, се вели во фејсбук објавата на Богојески.