Во предметот „Рекет 2“, кој го води судијката Софче Гаврилова, Боки Јовановски побара изземање на судијката, поради како што вели, пристрасност при носењето на пресудата.
„Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба“, рече Боки 13 во судница.
Исто така, Јовановски посочи и дека судијката Гаврилова на претходното рочиште имала дискриминаторски говор и го етикетирала.
„Штом се спомене дека ова е политички предмет, а вие сте политички инстринуирани вие ме прекинувате“, рече Јовановски, по што од страна на судијката му беше одземен зборот.
Сепак, судијката го опомена Јовановски да биде коректен во судницата, но и посочи дека неговото барање ќе го достави до претседателот на судот.
Инаку, во случајот „Рекет 2“, првообвинет е Бојан Јовановски кому на терет му се ставаат делата за перење пари и измама. Исто така, во овој случај и Фросина Ременски се товари за помагање на делото измама, додека Јасна Мандиќ, како и таткото на Боки, Миле Јовановски, но и асистентката Христина Блажевска, се сомничат за помагање на делата.
Во овој случај како правно лице осомничен е и Меѓународниот сојуз.