Националната Установа Филхармонија на Република Северна Македонија ќе треба сериозно да ја објасни својата постапка да им одобри на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да ја одржат својата конвенција во големата сала на објектот, а да го одбие најстариот и најреномиран фестивал на детската песна „Златно славејче“, да го организира своето годинешно издание во истата зграда на Филхармонијата.
Директорката на НУ Филхармонија, Тина Иванова, вели дека отстапувањето на салата или на другите простории на Филхармонијата е дел од редовната пракса на установата, и дека се спроведува согласно одлуките за секое барање во координација со Управниот одбор на НУ Филхармонија на Република Северна Македонија.
Претседателката на УО на Филхармонија Зорица Каракутовска, пак, вели дека за овој настан, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, до УО на установата „барање за ваков настан не е пристигнато“.
Целиот материјал на следниот линк!