Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија

од Milan1
256 прегледи

Денеска во Бугарија по седми пат во рок од три години се одржуваат предвремени парламентарни избори.

Според првичните резултати победник на изборите е партијата на Бојко Борисов ГЕРБ/СДС со 26,4 отсто, јавува Бгнес.

ПП/ДБ има освоено 14,9 проценти

Взраждање има освоено 12,9 отсто

ДПС/НН има освоено 8,9 проценти

АПС има освоено 8,7 отсто

БСП има освоено 7,8 проценти

ИТН има освоено 6,2 отсто

Поточно ГЕРБ и коалициониот партнер СДС се во убедливо водство и согласно пребројаните гласови еден час по затворањето на гласачките места имаат освоени 67 пратенички мандати.

На второ место е ПП-ДБ на Кирил Петков со 37 освоени места во Собранието, а веднаш до нив е Возраждане, десничарската партија со 35.

Девет партии го надминале прагот за влез во Собранието.

Слични содржини