Бојкот? Кинеска делегација ја напушти салата за време на говорот на Зеленски

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Кинеска делегација ја напушти салата на азискиот самит за безбедност во Сингапур за време на говорот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесе РИА Новости.

Настанот се одржува од 10 до 12 јуни, а Зеленски учествуваше преку интернет, каде особено ја најави опасноста од глад во Азија и Африка поради прекинот на испораката на жито од Украина.

Медиумите претходно пишуваа дека кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос не се придружила на аплаузите на украинскиот лидер по неговиот говор, но потоа кинеската новинска агенција Ксинхуа ги демантираше овие информации.

Слични содржини