364
И утре ќе продолжи бојкотот на матурантите. Имено, средношколскиот сојуз останува на барањето да се сведе државната матура на два училишни предмети.
Дека ќе се радикализираат протестите, потврди и претседателот на сојузот, Бленди Ходаи кој вели дека постојано има пријави за притисок од страна на директорите кон учениците.
Инаку, над 78 % матурантите не ја следат наставата во над 20 градови во земјава.
Деновиве министерката за образование Мила Царовска неколку пати повтори дека нов концепт за матурата е можен за идната учебна година.