Болдвин контра Шерон Стоун по нејзините коментари дека ја убедувале за секс

Во новиот подкаст, Стоун обелодени дека продуцентот Роберт Еванс сакал таа да се зближи со Вилијам Болдвин додека го снимале филмот Sliver во далечната 1993 година

од Бети Божиноска

Откако американската актерка Шерон Стоун конеччно го откри името на продуцентот кој ја убедувал да има вистински секс со својот колега, се огласи и споменатиот актер кој не ја поштеди Стоун од жестоките зборови.

Во новиот подкаст, Стоун обелодени дека продуцентот Роберт Еванс сакал таа да се зближи со Вилијам Болдвин додека го снимале филмот Sliver во далечната 1993 година, велејќи дека Еванс ја убедувал дека тоа ќе го „спаси“ нивниот филм.

„Да спиев со Били Болдвин, изведбата ќе била подобра. Еванс ме повика во својата канцеларија. Имаше ниски каучи, па во основа седев на подот. Тој ми објасни дека спиел со Ава Гарднер, а јас требало да спијам со Били Болдвин “, се сеќава таа на коментарите на Еванс

Стоун за прв пат ја откри оваа непријатна ситуација во мемоарите од 2021 година, но во тоа време не посочи имиња. Откако јавно го кажа и името на колегата, се огласи и актерот Вилијам Били Болдвин.

По изјавата на Строун, Болдвин објави пост на социјалната мрежа „Х“, во кој истакна дека не разбира зошто актѕерката го спомнува по повеќе од три децении и изрази сомневање дека, наводно, „сè уште е повредена поради тоа што ја одбил.“

„Не сум сигурен зошто Шерон Стоун продолжува да зборува за мене по сите овие години? Дали е сè уште вљубена во мене или сè уште е повредена по сите овие години затоа што не одговорив на нејзините додворувања“, напиша Болдвин.

Слични содржини