Болдвин се изјасни за невин за убиство од небрежност

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Актерот Алек Болдвин денеска се изјасни за невин по обвинението за убиство од небрежност на снимањето на филмот „Rust“ во американската држава Ново Мексико, објави Ројтерс, повикувајќи се на Њујорк Тајмс.

Болдвин, кој се очекува утре да се појави за прв пат пред судија, се изјаснил за тоа дека не е виновен во судскиот поднесок, објави њујоршкиот весник.

Обвинителите во Ново Мексико се откажаа од плановите да бараат петгодишна затворска казна поради обвинението за огнено оружје за актерот Алек Болдвин во врска со застрелувањето на снимателката Халина Хачинс на сетот на „Rust“.

Слични содржини