„Болеро“, „Квартет“ и „Коктел“ на Танц Фест 2024

од Milan1

Продукции на Скопје танцовиот театар 2 со студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев ќе настапат на овогодинешниот Танц Фест 2024 со две претстави на 13- ти мај во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Претставата „Болеро“ во кореографија и режија на Адријана Данчевска Ровчанин на музика на Морис Равел и сценографија на Ивана Мојсовска и Матеа Мијановиќ. Настапуваат: Нина Петрушевска, Елена Терзиева, Теона Ѓуровска, Михаела Колцунова, Надја Луканивска,Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Елена Стојкоска

Потоа „Квартет“ во кореографија и режија на Дејан Битровски и костими на Скопје танцов театар, а настапуваат: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова

И последната претстава е „КОТЕЛ“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и костими Благој Мицевски. Настапуваат: Нина Петрушевска, Надја Луканова, Теона Ѓуровска, Елена Терзиева, Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Елена Стојковска, Михаела Колцункова, Сара Крковиќ, Марија Андеовска

Слични содржини