Боливарската револуција: Венецуела останува без пиво

од desk3
79 прегледи

Изгледа луѓето кои управуваат со економијата на Венецуела, постигнале уште еден врв. Веројатно би требало да им дадеме по тој повод некоја награда: жителите на оваа земја веќе нема да пијат пиво. Причината воопшто не е затоа што Венецуелците не сакаат пиво, пишува во својата анализа за “Форбс” Тим Ворстол.

Во Венецуела засега нема ниту масовни изливи на исламистички расположенија, ниту пак се виори мормонство кои би можело да го натераат локалното население да се откаже од вонредни популарниот пијалок во земјата.

0000301667-article2

Тоа нема да се случи, бидејќи луѓето немаат пари да си купат пиво ,а локалната пивара Polar го продаде без остаток сето пиво, која и со крај на силите го произведе.

Тоа нема да се случи, бидејќи Polar не може да прави пари, продавајќи пиво: компанијата добива добар профит од производството и реализацијата на пивото.

Тоа се случи само затоа што Николас Мадуро и другите приврзаници на Чавез (Хуго Чавез беше претходниот претседател на Венецуела ) се апсолутно некомпетентни за прашањата на економскиот менаџмент. А нивната неспособност е премногу специфична – тие едноставно не ја разбираат улогата на цените на пазарот.
Еве какви се самите вести:

“Претставниците на најголемата пивара во Венецуела објавија дека таа го прекинала производството на пиво во последното од четирите претпријатија поради недостиг на увозна суровина. Претставници на компанијата Cerveceria Polar соопштија дека во петокот, 29 април, е затворено нејзиното претпријатие во државата Карабобо. Пред тоа компанијата предупреди дека достапните суровини ќе и стигнат само до крајот на април “.

Малку е да се напомене дека Polar е најголемата пиварска компанија. Според различни проценки таа произведува (можеби е подобро да кажеме “произведуваше”) 70-80% од потрошувачката на пиво во Венецуела.

Факти зошто американските избори се историски

“Владата на Мадуро често ја обвинува компанијата Polar дека претерува со потребите од долари и дека трупа резерви на суровини, нарекувајќи го тоа како” економска војна “, која бизнисмените, политичарите и САД ја водат со цел да ги поткопаат темелите на комунизмот во Венецуела”.

Нема никаква економска војна. Се на што сме сведоци сега, е резултат од целосното малоумие на Мадуро и неговите другари.

Вистинскиот проблем е следниов. За да се свари пиво, е потребен слад од јачмен. Венецуела не ги произведува во потребните количини и поради тоа е принудена да го увезува. Само што сега Боливарот чини помалку од тоалетната хартија, која одамна е исчезната во Венецуела, затоа производителите на суровините треба да купуваат во долари, кои странските компании се подготвени да ги прифатат.

Во моментов, сепак тоа е невозможно.

“Откако во последните неколку дена Empresas Polar затвори три свои пиварници, со затворањето на фабриката во Сан Хоакин, во близина на венецуелскиот град Валенсија, земјата ќе има залихи на пиво, кои ќе и стигнат само за недела”, соопштија претставници на компанијата.

Исто како многу други компании, Polar за сето ја обвинува владата што не одвои долари потребни за да купи увозна суровина како слад од јачмен.

Суштината на проблемот е во зборот “одвои”. На оваа компанија, како и на сите други увозници, им е потребен пристап до долари, за да можат да плаќаат увоз. Ова може да се направи или со добиени “издвоени” пари кои поминале низ бирократски систем, или преку договор на црниот пазар, каде долари може да се купат во секое време. Само што вторатаопција е нелегален.

“Без да добие дозвола или да и биде доделена (странска) валута од државата, компанијата едноставно не може да работи”, рече г-дин Мендоза. “Компанијата не може едноставно да отиде и да купи валута од друго место, бидејќи тоа е нелегално”.

Значи, нема легитимен пат за компанијата да се здобие со долари, ако бирократската машина не и оддели валута, а таа не дава. Се разбира, ќе треба да ги затворат претпријатијата, кои чисто и едноставно не можат да работат, бидејќи немаат увозни состојки.

Одговорот, во услови на целосна збрка која ја оставија зад себе следбениците на Чавез во економијата на Венецуела, е да се манифестира малку поголема доверба кон пазарните цени. Со други зборови – треба да се прекине регулирањето на метаболичките девизни курсеви. Треба да се создаде отворен и слободен пазар за Боливарот.

Каков курс да биде постигнат како резултат на тоа, тој ќе им овозможи да се балансираат понудата и побарувачката на Боливарот и доларите. Токму тоа е суштината на пазарниот курс. На курсот во кој пазарот сам се регулира, или со други зборови се постигнува рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. Токму поради тоа сите интервенции на Мадуро во економијата доведоа до оваа ужасна катастрофа. Така се случи, бидејќи тој и неговите советници или не го разбираат тоа, или не веруваат во тоа.

Ако една цена се фиксира – без разлика дали тоа е цената на тоалетната хартија или на Боливарот, ако таа биде фиксна на ниво кое е под пазарна цена, ќе дојде до дефицит. Ако нивото нејзино биде над пазарната цена, се добива презаситеност.

Единствената цена која ја порамнува понудата и побарувачката, е пазарната цена – во самата дефиниција на пазарната цена се наведува дека тоа е таква цена, при што на пазарот се регулира и на него се воспоставува рамнотежа на понудата и побарувачката. Ова правило нема исклучоци.

Ако се земе предвид дека сето тоа е повеќекратно докажана вистина, човек треба да е во согласност со неа. Постојат многу начини за постигнување на различни разумни цели. Едноставно не е потребно да се избираат методи кои сугерираат дејствија спротивни на пазарните механизми како воспоставување на минимална плата, регулирањето на кириите итн….