Водачите на Римокатоличката црква во Боливија денеска признаа дека црквата се оглушила на страдањата на жртвите на сексуална злоупотреба, коментирајќи како скандалот со педофилија во кој се вклучени свештеници ја потресува земјата.
Католичките бискупи на Боливија во соопштение наведоа дека „како црква се соочуваат со болен момент…бидејќи се сигурни дека директно или индиректно се вклучени во длабоката болка предизвикана на невините жртви“, пренесе АП.
Соопштението е одговор на случајот во кој е вмешан починатиот шпански езуитски свештеник Алфонсо Педрахас.