308
Боливија склучила договори за експлоатација на литиум со руската компанија „Uranium One Group“ и кинеската „Citic Guoan Group“, соопшти денеска владата на оваа јужноамериканска земја.
„Uranium One Group“ е компанија која работи во рамките на рускиот енергетски гигант Росатом, пренесe Ројтерс.
Првиот заменик директор на Росатом, Кирил Комаров, изјави дека руската компанија ќе произведува до 25.000 тони литиум годишно во Боливија.