Болна исповед на познатата пејачка: „Дилер ме силуваше предозирана и ме остави да умрам“

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Пејачката Деми Ловато сподели шокантни детали од својот живот во документарната серија „Demi Lovato: Dancing with the Devil“.

Таа призна дека почнала да експериментира со дрога во раните тинејџерски години и дека булимијата и прекумерната контрола на нејзиниот менаџерски тим ја довеле до голем крах во 2018 година.

Потоа се предозирала, а откако и го спасиле животот била однесена на клиника за рехабилитација.

Она што најмногу ги шокираше сите е признанието дека ноќта кога се предозирала, нејзиниот дилер „ја силувал и ја оставил да умре“.

Како што истакнала, тоа ја потсетило на едена друга вечер, кога за прв пат била силувана.

„Бев силувана кога ја изгубив невиноста“, рекла Деми.

Таа признала дека во тоа време, додека се уште била ѕвезда на „Дизни“, сакала да ја сочува невиноста за брак, а на дечкото што се бакнува му рекла дека не сака „да оди понатаму“.

„Реков: „Еј, нема да оди подалеку од ова, јас сум девица и не сакам вака да ја изгубам невиноста“. Но, тоа ништо не ѝ значело на таа личност, и таа го направила тоа што сакала. „Си реков дека е моја вина бидејќи отидов со него во собата и се бакнав“, изјавила пејачката.

Таа вели и дека кажала што се случило, но дека нејзиниот насилник никогаш не одговарал за тоа што го направил.

„Не го исфрлија од снимањето“, рече таа, по што многумина заклучија дека најверојатно станува збор за некој од екипата на филмот „Camp Rock 2“ или серијата „Sonny With a Chance“, која таа ги снима во тоа време.

После тоа почнала да се самоповредува, а боледувала и од булимија бидејќи, како што рекла, „на христијанинот во неа тешко му било да сфати дека се работи за силување и дека не направила ништо лошо“.

Слични содржини