Болницата Аџибадем Систина се вклучува во третман на поврдените во пожарот во Кочани

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

-Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти, наведуваат од болницата.

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медиицнски тим на болницата неопходен за итен третман.

Слични содржини