Болничарка добила отказ затоа што не сакала да се вакцинира: „Зошто ни нудите било што?“

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Техничарката за ултразвук Латриша Бланк, која вели дека била отпуштена од болницата во Хјустон затоа што не сакала да се вакцинира против ковид-19, изјавила дека „не сака да работи со такви луѓе“.

„Не го отфрлајте туку така мојот избор“, рече таа за Си-ен-ен за време на интервјуто во средата.

На 31 март, болницата „Хјустон Методист“ стана првата голема здравствена установа во Соединетите Држави што воведе задолжителна вакцинација за медицинските работници.

Повеќе од 100 медицински лица поднесоа тужба против оваа одлука, но неодамна судија застана на страната на болницата. Лекарите велат дека се жалеле на одлуката на судијата.

Во вторникот, портпарол на болницата рече дека 153 вработени или дале отказ за време на двонеделна суспензија што започна на 8-ми јуни или им беа раскинати договорите оваа недела.

Латриша Бланк вели дека не е против вакцините, но не се чувствува пријатно поради фактот што вакцините се направени набрзина.

Зошто ни нудите било што?

Трите вакцини одобрени во Соединетите држави (Фајзер, Модерна, Џонсон и Џонсон) се одобрени за итна употреба од страна на американската Администрација за храна и лекови, но не се целосно одобрени.

Бланк беше скептична во врска со безбедноста на вакцината и болничката понуда за бонус за плата за сите што се вакцинирани, што уште повеќе ја вознемири.

– Не разбирам, ако ова треба да биде добро за нас, зошто ни нудите било што- праша таа.

Таа додаде дека и е полесно по одлуката да не прима вакцина, а исто така рече дека ќе продолжи да работи во здравствена заштита, но во болница која не бара од вработените да се вакцинираат.

Слични содржини