Болсонаро планирал да избега во Аргентина и да бара азил

Во извештај од 170 страници, полицијата соопшти дека документот е пронајден во телефонот на Болсонаро во февруари 2024 година, два дена откако му бил конфискуван пасошот

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Бразилската федерална полиција поднесе документи до Врховниот суд во кои се тврди дека поранешниот претседател Жаир Болсонаро планирал да избега во Аргентина за да избегне судење за наводно планирање воен удар, објавува „Гардијан“.

Во извештај од 170 страници, полицијата соопшти дека документот е пронајден во телефонот на Болсонаро во февруари 2024 година, два дена откако му бил конфискуван пасошот.

Документот, наводно нацрт-барање за политички азил, бил испратен до аргентинскиот претседател Хавиер Миел и го опишува Болсонаро како „политички прогонувано лице“.

Слични содржини