Болтон: Трамп ќе биде разочаран ако Северна Кореја ги продолжи тестовите

од desk2
108 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе биде „многу разочаран“ доколку Северна Кореја ги обнови нуклеарните проби, откако неодамна се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, потврди неговиот советник Џон Болтон.

Болтон не ги потврди извештаите засновани на комерцијални сателитски снимки дека Северна Кореја презема некои акции, истакнувајќи дека не е добро да влегува во детали.

Тој рече дека Трамп ќе биде „прилично разочаран ако Ким Џонг Ун направи нешто такво“, откако на самитот во Виетнам вети дека нема да стори.

Новата активност е откриена во северноистражувачкиот центар за ракети и на местото  каде се наоѓаат ракети од голем дострел.