(АУДИО) Бомба 19 транскрипт 3: „Ај ти прими ги овие, па ќе видиме со нуклеарнава, ќе ти прати Гордана списоче“

од desk3
192 прегледи

vlatko-cingovski-1

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Талески

ВТ: Ало.
МЈ: Владе?
ВТ: Е кај си Миле.
МЈ: Абе овај Марди му праи многу проблеми.
ВТ: Каде бе?
МЈ: Во Радовиш.
ВТ: Марди а? Шо да напраиме со него?
МЈ: Како стоиш со него? Знам од Битола е тој нешто…
ВТ: Како?
МЈ: Знам дека имаше во Битола нешто, погони, не знам што имаше…
ВТ: Абе има се тој нас не уценуваше ние се замеривме со него да ти кажам право.
МЈ: За што?
ВТ: Абе оној кружниот тек коа го праевме во Битола, таму имаше еден дел мораше да влезиме од земјиште од Јавор, тој Јавор го купи… И, имаше некои објектчиња таму лево десно и не уценуваше милион евра ни бараше. Абе Блажо викам, ти не си нормален зошто да ти дадеме милион евра? И се тужевме се судевме и од тогаш не се појави. Изгуби на суд, знаеш, и не знам со него шо да правиме, тој со Народна е Миле. Знаеш дека е со нив?
МЈ: Ти се јавувам да видам како стојат работите инаку ќе му е.еме мајката знам ја шо ќе му праиме. Ќе го затвориме.
ВТ: Но мора нешо да напраиме. Со УЈП нешто да видиме а?
МЈ: Многу има вработено пи.ка му мајчина
ВТ: Многу луѓе има ама луѓето нека си работат што… така? Еве Велија си седи ваму луѓето си работат нема проблем шо…

Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Чингоски

ВТ: Кај си Влатко?
ВЧ: На работа ти кај си?
ВТ: Еве овде кај споменикот на бранителите денеска има нешто од овие Вејце ваму – таму…
ВЧ: Да ти зеам две три секунди може?
ВТ: Можи, можи, можи, еве настрана сум.
ВЧ: Значи види вака, сега кај мене е Силјан…
ВТ: Добро…
ВЧ: Ми кажа дека имало некоја можност не знам, ти веројатно подобро знаеш пошто си од таму, имало една група на луѓе што живееле на улица Гоце Делчев во Кравари…
ВТ: Добро…
ВЧ: И тие исто така можеле да гласаат на улица Гоце Делчев ама Ѓени маале во Битола.
ВТ: Аха аха аха
ВЧ: Дали знаеш за нешто такво?
ВТ: Не.
ВЧ: Порано го праеле ги праеле тие тоа
ВТ: Е сега ќе проверам. Гоце Делчев…
ВЧ: Преку 20-тина луѓе значи биле, гласачи така што можеле да го средат тоа
ВТ: Аа
ВЧ: Значи една жена таму што ја знае овој као го викаат Силјан…
ВТ: Добро
ВЧ: Таа на последните избори преку 20 однесла, значи појќе од 20 се таму…
ВТ: А чекај тие Влатко тие контра нас гласаат?
ВЧ: Не бе за нас гласаат
ВТ: Е па нека одат и таму и таму шо
ВЧ: Е па за да одат и таму и таму да организирате
ВТ: Добро готово
ВЧ: А може ли женава да се види со Владе да му каже шо и како е, ево ќе ти организират тој, таа жената што го напраила тоа во 2009та, да те видит тебе или некој шо ти ќе го одведиш да објасни како го напраиле тоа па да напраиме за појќе луѓе
ВТ: Добро
ВЧ: Ето така Владе
ВТ: Слушај, Влатко..
ВЧ: Кажи, кажи…
ВТ: Вака значи јас сеа ќе бидам со Антонио, до 11 сато Циле го има мојот број, нека и го дајт бројот на жената
ВЧ: … да те бара
ВТ: Нека ми пушти порака мене жената да се видиме во текот на денот
ВЧ: Добро готово сеа ќе му кажам…
ВТ: Значи тоа би било после 12. Го има Циле број мој, е така.
ВЧ: Важи го има го има сигурно, јас ќе му го дам ако го нема ќе го поздравам…
ВТ: Поздрави го и ќе биде во ред, важи
ВЧ: Ајде
ВТ:Поздрав Влатко поздрав…

Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Силјан Мицевски
ВЧ: Слушај вчера бев ваму и ми дадоа некое ливче со имиња, кај тебе шо работат и кои не се сигурни за гласање. Па да…
СМ: Абе кој нема сите ќе ги избркаме кажи кои се тие и готово.
ВЧ: Не не треба да ги избркаш, не треба. Треба да ги убедиш да гласаат, ако не гласаат тогаш ќе ги избркаме
СМ: Абе како не, сите не само тие
ВЧ: Дообро
СМ: Си имам јас организација напраено таму
ВЧ: Добро значи можда ќе ги викнат твоите луѓе да знаеш
СМ: А обавезно кажи ми ти кои се тие, кажи ми кои се
ВЧ: Има Мирко, вчера беше со мене Мирко, имат списокот да не праам по телефон многу муабет
СМ: Важи, важи.

Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Мартин Протогер

МП: Ало
ВЧ: Ало
МП: Чинго шо праиш
ВЧ: Добар сум бе на работа ево имав сега ИФЦ сега состанок па чекам да ме викнат од Влада
МП: Да не те закача некој таму?
ВЧ: Не бе кој да ме закача
МП: Хахаха, слушај има некои вработувања таму 12 и ти сеа имаш одбрано некои 9 коишто не се по препорака на партија
ВЧ: Добро, 9 се вкупно.
МП: Па сакав да те замолам ако може овие партискиве, кадрова комисија да ти прати…
ВЧ: Значи вака, ние напраивме некои тестови Мартин овие се многу клучни места од кои двајца се тие што треба да работат за нуклеарна програма
МП: А кај е тоа нуклеарна програма Чинго?
ВЧ: Епа со Пешевски е тоа договорено и со премиерот значи имаме тоа што требаше да работи нуклеарна ќе работи кај нас затскриено за да можеме да го фатиме рокот да не изгубиме две три години
МП: Ај ти прими ги овие па тие понатаму ќе видиме со нуклеарнава како шо, ќе ти прати Гордана списоче едно сега
ВЧ: Мхм
МП: И така, може?
ВЧ: Ама види вака сеа застани. Може, ќе ги примам, ама …. треба да работат луѓето
МП: Ќе работат Чинго нашиве луѓе ќе си работат не се секирај ти, инженери, шо треба таму
ВЧ: Кај шо треба таму ама не работаат, тој шо едниот ми го пушти Славе тој вика да ја сум тука за возни редови за коли за резервни делови
МП: Кој е тој шо го пуштил Славе?
ВЧ: Па тој од како се вика… сеа ќе ти кажам од Социјалистичка партија некој
МП: Од Социјалистичка партија? Сме ветиле сеа, не може знаеш
ВЧ: Ама не може да биде за возен ред мене ми треба за диспечер горе
МП: Ама Чинго таква е работава сеа, знаеш ти сеа партија, не сме сеа од вчера
ВЧ: Ама знам ја ама…
МП: Партија е сеа, некоаш ќе примиш вика некоаш онака
ВЧ: 3 години чекам за овие 9 места. 3 години чекав за 9 места треба да зеам луѓе шо треба да ја работет работава, нека ми даат…
МП: Ќе ја работат работава ајде, не се секирај
ВЧ: Подобро дајте ми уше 9 места други, ќе ги запослам и тие 9 ама дајте ми квалитетни луѓе за ова шо треба да се работи
МП: Најквалитетни ќе најдам… ајде сеа ќе ти прати Горде списоче ти заврши ја работава па ќе се договориме, ајде.