Граната падна во близина на избирачкото место Дера, но за среќа нема повредени, па претседателските избори, втори од 2011 година кога започна војната во Сирија, продолжија како што беше планирано.
Сиријците денеска одат на гласање по повод претседателските избори, втори по ред од крвопролевањето на Блискиот исток во 2011 година, што светот не го видел со години наназад, за што сведочи експлозијата на бомбата утрово на Дера.
За среќа, никој не е повреден во експлозијата бидејќи, како што јавува репортерот на „Спутник“, гранатата експлодирала подалеку од граѓаните.
Патем, на изборите учествуваат тројца кандидати – сегашниот претседател Башар Ел Асад, поранешниот член на владата Абдулах Салум Абдула и членот на опозициската партија Махмуд Ахмад Мараи. Врховниот уставен суд на Сирија ги одби апликациите на други четириесет и осум кандидати.
Асад се стреми кон својот четврти, седумгодишен мандат, а според последните проценки на локалните аналитичари, тој има најголеми шанси за победа. Тој излезе на гласање рано утрово со неговата сопруга.