БОМБА ОД ШПАНИЈА – Зидан се враќа на тренерската работа

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Баерн Минхен се уште е во процес на пронаоѓање на нов тренер. Откако беа одбиени од овосезонскиот хит тренер Чаби Алонсо, кој реши да остане во Баер Леверкузен, Баварците, пренесува „Марка“, се фокусираа на доведување на Зинедин Зидан.

Легендарниот Французин нема тренерски ангажман од јуни 2021 година, кога си замина од клупата на Реал Мадрид. Оттогаш, според пишувањата на медиумите, му приоѓале бројни екипи како Јувентус, ПСЖ и француската репрезентација, но популарниот Зизу не бил заинтересиран.

Да потсетиме, Зидан мина два мандати на клупата на Мадрид (2016-2018 и 2019-2021) и во тој период освои три трофеи во Лигата на шампионите, два трофеи во Ла Лига, два Суперкупа, УЕФА Суперкупови и Светски клупски првенства.

Слични содржини