31
Вчера во 13.39 часот во Полициска станица Пробиштип, Р.Ф.(46) од Пробиштип пријавил дека во круг на фабрика, додека извршувал работни задачи, пронашол експлозивна направа.
– Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека станува збор за рачна бомба во кородирана состојба, информираат од МВР.
Извршен бил увид од ОВР Пробиштип.