Бомба тешка 104 килограми деактивирана во Нова Горица

од Илинка Илиоска
10 прегледи

На градилиште во Нова Горица, град во западна Словенија на границата со Италија, беше деактивирана бомба од 104 килограми, која потекнува од Втората светска војна.

Среќко Шестан од Цивилната заштита изјави дека на истото место претходно биле откриени седум бомби од истиот период. При операцијата, Словенија и Италија евакуираа околу 5.000 луѓе, а по успешно деактивирање, жителите се вратија во своите домови.

Бомбата, произведена во Велика Британија, беше откриена на 23 септември од работници кои ја реновираат железничката станица во Нова Горица. Се верува дека станицата била бомбардирана за време на Втората светска војна, а во Словенија биле фрлени околу 60.000 бомби. Историчарите сметаат дека 6000 од нив не експлодирале.

Слични содржини