Нападот на автобусот со припадници на претседателската гарда во Тунис го извел бомбаш самоубиец со ранец кој се дигнал во воздух на влезот на возилото,соопшти денеска официјален извор од истрагата.

Според прелиминарните резултати напаѓачот ранецот го носел на грб, имал капут и слушалки.Се разнел со експлозив само што влегол во автобусот.
Во експлозијата на автобусот во главниот град на Тунис погинаа 13 луѓе.
Засега никој не ја презеде одговорноста.