133
Бомбаш самоубиец денеска се забил со својот мотор во полициски камион во југозападен Пакистан, при што загинаа девет полицајци, изјави портпаролот на полицијата.
Портпаролот Мехмуд Кан Нотизаи изјави за „Ројтерс“ дека нападот се случил во Сиби, град на околу 160 километри источно од Квета, главниот град на провинцијата Белуџистан.
Болничките власти соопштиле дека најмалку седум полицајци биле ранети во нападот, последен во серијата напади врз полицијата во Пакистан.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Етничките герилци се борат против владата со децении и ја обвинуваат за експлоатација на ресурсите на покраината – гас и минерали.