"Бомбата" е од 5-мина "загрижени" припадници на безбедносните служби во МВР

од desk3
105 прегледи

Во екот на најавите за пуштање на „бомбата“ , како што пишува неделеникот “Фокус” петмина припадници на безбедносните служби во МВР задолжени за следење на комуникациите му откажале послушност на врвот на полицијата.

Тие сметале дека се претерало во следењето, и со загриженост за иднината на државата архивирале голем дел од прислушуваните комуникации кои стигнале до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тие документи се дел од информативната „бомба“ на Заев, во која има докази за криминал, корупција, фалсификување избори, скандалозни разговори меѓу Јанкулоска, Ставрески и Груевски.