369
Состојки:
– 250 гр шеќер
– 8 лажици вода
– 250 гр суви сливи
– 100 гр суво грозје
– 1 кесичка цимет
– 200 гр сечкани ореви
– мелени ореви
Подготовка:
Се матат шеќерот со водата до средна густина, па се додаваат циметот, сувите сливи, сувото грозје и сечканите ореви.
Сè убаво измешајте, па оставете да се излади. Кога ќе се излади, обликувајте топчиња и валкајте ги во мелени ореви.