Бонева за НОВА: Немам ништо криминално направено за да не бидам член на ДИК

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, која се јави како кандидат за член во Државната изборна комисија, за НОВА одговора на рекациите на социјалните мрежи каде што се коментираше дека поради нејзиното споменување во „бомбите“ на опозицијата нејзиното присуство ќе ја компромитира работата на Комисијата.

бонева

– Немам ништо криминално направено. За што да го компромитирам процесот? За сечените материјали на Заев? За тоа што лажеше и ги селектираше материјалите и ги презентираше како што му одговара, нецелосни со сечени делови? Јас немам ништо инкриминирачко направено во мојот живот и со целосна одговорност се кандидирав за да ја извршувам функцијата согласно професионалните стандарди и должноста – вели Бонева за Нова.

Бонева подвлекува дека со целосна одговорност пристапува со нејзината кандидатура и подготвена е доколку влезе во Државната изборна комисија, согласно стандардите да ја врши својата должност.