Бонус од 13.500 евра за работниците во Ferrari

од Vladimir Zorba

Вработените задоволно ги тријат рацете по успешната 2022 година.

Во текот на 2022 година, Ferrari постигна рекордни деловни резултати. Италијанскиот производител испорача рекордни 13.221 автомобил, надминувајќи го резултатот од 2021 година за 18,5%, а заработката се зголеми за 16%.

Исто така, вредноста на акциите на Ferrari се зголемија за 7,3 отсто, а деловните прогнози укажуваат дека добивката (EBITDA) годинава ќе се зголеми од 1,773 милијарди евра (во 2022 година) на 2,13-2,18 милијарди евра.

Ваквите очекувања се темелат на фактот дека испораките на теренецот Ferrari Purosangue ќе започнат во вториот квартал од оваа година, со почетна цена од 390.000 евра.

Имено, побарувачката за првиот теренец на Ferrari е толку голема што натамошните нарачки беа прекинати минатата година.

„Книгата на нарачки е таква што ја покрива целата оваа година и добар дел од следната година“, рече Бенедето Виња, генерален директор на Ferrari.

По ваквите резултати, компанијата одлучи да ги награди сите 5.000 работници за нивната успешна работа и да им исплати бонус од по 13.500 евра.

Поради ова работниците на Mercedes испаднаа „сиромашни“, со оглед на тоа што за изминатата година добија бонус од „само“ 7.300 евра.

Слични содржини