Во рамките на цоите Traveller Review награди, Booking.com претстави листа на помалку познати дестинации кои се издвојуваат по нивната исклучителна гостопримливост.
Секој сака кога ќе пристигне на посакуваната дестинација да биде пречекан од локалното население со раширени раце.
Booking го објави 13-тото издание на своите Traveler Review Awards, награди врз основа на впечатоците на патниците. Оваа година, платформата ги издвои 10-те најгостопримливи градови во светот, користејќи импресивни 360 милиони рецензии за сместување, активности и методи на патување.
Првото место го зазема Сигирија, древна карпеста тврдина во близина на градот Дамбула во Шри Ланка. Ова место на светско наследство на УНЕСКО се наоѓа во културниот триаголник на земјата, а Booking го опишува како „незаборавен спој на авантура и спокојство“.
На второ место е Казорла, живописен град во јужна Шпанија, сместен меѓу планините Сиера де Казорла, познат по своите шармантни продавници и стрмните калдрма.
Третото место го зазема Урубичи, еден од најстудените бразилски градови, кој се наоѓа во регионот Сера Катарина.
Најгостопримливите градови во светот според Booking:
Сигирија, Шри Ланка
Казорла, Шпанија
Урубичи, Бразил
Таупо, Нов Зеланд
Свети Августин, САД
Орвието, Италија
Манизалес, Колумбија
Кведлинбург, Германија
Кох Ланта, Тајланд
Честер, Обединетото Кралство