Booking отпушти илјадници свои вработени со видео порака

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Глен Фогел, извршен директор на страницата за резервации Booking.com, отпуштил 2.700 вработени во службата за корисници преку видео порака во петокот, објавија светските медиуми. Причината: планови за реорганизација.

Холандската компанија ги префрли речиси сите свои услуги за клиентите на аутсорсинг гигантот Majorel во вториот квартал од годината. Вкупно 12 од 14-те одделенија за услуги на клиенти на Booking.com во Европа, Азија-Пацифик и Америка се подложени на реорганизација.

Ова е неопходно за да се осигура дека компанијата останува „доволно флексибилна“, особено во полоши периоди кога е потребен е помалку персонал, рече Фогел во видеото цитирано од Dutch News.

Засега нема да бидат погодени само канцелариите во Амстердам и Манчестер. На некои од отпуштените вработени им е понуден привремен шестмесечен договор со луксембуршката компанија Majorel, која обезбедува услуги за клиенти на компании ширум светот.
Компанијата за аутсорсинг вработува речиси 67.000 луѓе ширум светот.

Веста, како и начинот на кој беше сервирана, ги налути вработените во Booking, а многу од нив планираат да ја тужат компанијата. Оние кои ќе се одлучат да склучат договори на време, се загрижени дека условите за работа ќе им се променат во нејасна насока. Не е јасно што ќе се случи по завршувањето на нивните 6-месечни договори.

„Ова е тажна вест, а ни беше претставена одеднаш без претходно предупредување, без понудена компензација и без опција за технолошки вишок“, изјави еден од засегнатите службеници за DutchNews.

Ова е второ масовно отпуштање во Booking за две години. Вкупно 4.000 луѓе се отстранети од компанијата од почетокот на пандемијата.

Ова не е единствениот случај кога вработените се известуваат за отказ преку Интернет и без претходна најава. Во декември минатата година, американскиот стартап за хипотека Better.com отпушти 900 вработени за време на повик на Zoom – без најава и само неколку дена пред Божиќ.

Слични содржини