Борба за енергија: Ирак гради осум нуклеарни реактори

од Nikola Popovski
268 прегледи

Властите во Ирак, каде има постојан недостиг на електрична енергија, планираат да изградат осум нуклеарни реактори со капацитет од 8.000 мегавати до 2030 година, беше објавено вчера во Багдад.

Тие електрани би покриле околу 25% од потребите на Ирак и со тоа би ја намалиле енергетската зависност на земјата.

Ирак во моментов произведува околу 16.000 мегавати електрична енергија, што е далеку од проценетите 24.000 потребни за земја со околу 40 милиони жители.

„До 2030 година, ние сакаме да произведеме 25 проценти од потребната електрична енергија, благодарение на нуклеарната енергија, која е поевтина и подостапна од сончевата или други обновливи извори на енергија“, рече шефот на ирачката управа за нуклеарни ресурси, Камал Латиф.

Слични содржини