Борбен авион на силите на Хафтар се урна во близина на Триполи

од desk2
118 прегледи

Меѓународно признатата либиска влада, позната како Влада на национално единство, соопшти дека денеска соборила авион, кој и припаѓал на Либиската национална армија (ЛНА), предводена од генералот Калифа Хафтар, јужно од главниот град.

-Авион на либиската армија урна непријателски авион, кој се подготвуваше да нанесе удари во областа Вади ал-Араби, изјави портпаролот на ПНС Мохамед Гуну.