224
Членките на Европската унија треба да постигнат договор за прашањето за следниот пакет санкции насочени против Русија, кој вклучува блокада на увозот на руска нафта, изјави денеска шефот на ЕУ, Жосеп Борел.
„Треба да донесеме јавна одлука. Разговори имаше во неделата попладне и ќе ги има денеска пред пладне, како и во текот на целиот ден“, изјави Борел за францускиот јавен сервис „Франс инфо“.
Шефот на дипломатијата на ЕУ верува дека попладнево ќе им биде понуден договор на шефовите на земјите-членки на ЕУ, пренесе „Ројтерс“.